Околу 135.000 граѓани во земјава работат на црно, без платени придонеси и без пријавување во Агенцијата за вработување. Големата бројка непријавени работници дава нереална слика за процентот на невработеност во Македонија, како и за стапката на сиромаштија. Pечиси 30 отсто од лицата што работат не се пријавени, што е огромна бројка. Поради многуте непријавени работници, статистичката слика за невработеноста во земјава е нереална. Факт е дека статистички се соочуваме со огромен број невработени. Но, останувам на ставот дека статистичките извештаи не кореспондираат со реалноста бидејќи голем дел од вработените уште се дел од таканаречената сива економија. Доказ за тоа е фактот што при секоја акција трудовите инспектори затекнуваат се' повеќе непријавени работници.
Околу 135.000 граѓани во земјава работат на црно, без платени придонеси и без пријавување во Агенцијата за вработување.
Големата бројка непријавени работници дава нереална слика за процентот на невработеност во Македонија, како и за стапката на сиромаштија, смета министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами.
Според него, речиси 30 отсто од лицата што работат не се пријавени, што е огромна бројка. Поради многуте непријавени работници, статистичката слика за невработеноста во земјава е нереална.
- Факт е дека статистички се соочуваме со огромен број невработени. Но, останувам на ставот дека статистичките извештаи не кореспондираат со реалноста бидејќи голем дел од вработените уште се дел од таканаречената сива економија. Доказ за тоа е фактот што при секоја акција трудовите инспектори затекнуваат се' повеќе непријавени работници - рече Бајрами.
Справувањето со сивата економија, високата невработеност и големиот процент на сиромаштија беа главна тема на вчерашната седница на економско-социјалниот совет, на која присуствуваше и амбасадорот Ерван Фуере. Тој на членовите на советот им ги презентира главните забелешки од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, при што нагласи дека справувањето со невработеноста и со сиромаштијата ќе бидат главни предизвици за Владата.
- Се надеваме дека Владата ќе го прифати овој извештај како молба за зголемување на буџетските средства, кои се на располагање за сите проблеми со кои се соочуваат социјалните и загрозените заедници во земјата. За жал, таквите ги има многу - изјави Фуере.
Министерот Бајрами нагласи дека во следниот период Владата многу сериозно ќе се зафати со решавање на проблемот на невработеноста. Акцентот најпрвин ќе се стави на утврдување на точната бројка на невработени лица.
- Факт е дека имаме зголемена стапка на сиромаштија. Но, сите очекувавме дека таа ќе се зголеми во време на економската криза што ја зафати и нашата земја. Ако сите лица работат, а прикажуваат дека немаат приходи и се пријавуваат како невработени, се разбира дека ќе има зголемување на процентот на сиромаштија. Следниот период ќе го посветам на конечно утврдување на реалната стапка на невработеност - изјави Бајрами.